Подарок за 1 читателка: хидрогел-крем за лице Pro Vita D и парфем Perceive Silk

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

Една читателка на јулскиот брок на најтиражното женско списание „Убавина и здравје“ има можност да добие подарок од козметичката куќа „Авон“ – хидрогел крем за лице Pro Vita D и парфем Perceive Silk.

Овој лесен, брз апсорбирачки крем-гел на база на вода е формулиран со ексклузивна pro vita-d технологија за да помогне во зајакнувањето на навлажнувачката бариера на кожата помогајќи ја на тој начин нејзината хидратација.

Avon Anew Hydra Pro Vita-D Water Cream

Perceive Silk by Avon е нов цветен овошен мирис за жени. Главната нота е италијанска мандарина; средна нота е јасмин; а основна нота е мошус.

 

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Авон“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во август.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.