Подарок што ќе ве трансформира во дива: Сет мејкап-производи на „Дебора Милано“

Врвни производи со уникатна формулација

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

Конечно го имаме она што е потребно за да биде едно од највредните оружја за убавина на вистинските диви! Станува збор за сетот од мејкап-производи што „Дебора Милано“ ќе ѝ го подари на една читателка на мајскиот број на „Убавина и здравје“.

Сетот е составен од туш за очи, моливче и пудра за веѓи, кои се со постојаност од 24 часа, кармин за уста со мат-ефект и бронзер, исто така, со висока постојаност на кожата – до 24 часа!

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Дебора Милано и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во јуни.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.