ПОДАРОК: Сет за врвна нега на лицето „Lapothicell“

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Продавницата „Олпео“ е специјализирана за корејска козметика и отворена е во февруари 2019 година. Таа е единствена од ваков тип во нашата земја, лоцирана е во Градскиот трговски центар во Скопје, на првиот кат, а на една читателка на октомврискиот број на „Убавина и здравје“ ќе ѝ подари богат сет производи од корејскиот премиеум-бренд Lapothicell за луксузна нега на лицето.

 

Хидратантен балзам со аминокомплекс и хијалуронски комплекс, кој ги снабдува со потребната хидратација сите слоеви на кожата.
Содржи аминокомплекс, хијалуронски комплекс и смирувачки комплекс.
Маски за врвна нега и обновување на клетките на кожата

Lapothicell e корејски бренд за дермо-козметика лансиран во февруари 2015 година, чии производи се создадени како резултат на 60 годишното искуство на фармацевстката компанија KUKJE PHARMA, со обединување на новите научни сознанија и иновативната технологија.

Името Lapothicell е сложенка создадена од два збора, стариот француски збор „lapothi“ што значи „лекува“ и англискиот „cell“, кој во превод значи „клетка“, поврзани со цел да ја пренесат пораката „да се излечат клетките“.

Производите на Lapothicell пружаат суштински третман и решение за проблемите кои се јавуваат кај сите типови кожа. Преку дерматолошки тестирања, Lapothicell создава производи со безбедни неиритирачки состојки, кои се нежни за кожата, но ефикасни во функцијата.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во ноември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.