Подарок: Hydrance Aqua-gel за мекост, еластичност и сјај на лицето во текот на целиот ден

Производ „сè во едно“, инспириран од азиската рутина за убавина, формулиран во Јапонија, а направен во Франција

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Октал-фарма“ ќе израдува една читателка на августовскиот број на „Убавина и здравје“ со Hydrance Aqua-gel, производ „сè во едно“, инспириран од азиската рутина за убавина, формулиран во Јапонија, а направен во Франција.

Го хидрира површинскиот слој, ја смирува и детоксицира кожата, во само еден чекор, а може да се користи за дневна нега, ноќна маска која се нанесува во подебел слој и нега за пределот околу очите.

Неговата хидратантна и екстремно освежувачка гел-текстура и дава на кожата мекост, еластичност и сјај во текот на целиот ден.

Наменет е за сите видови дехидрирана,чувствителна кожа на која и е потребна соодветна докажана нега.

HYDRANCE AQUA-GEL е производ кој се приспособува на сите потреби и на различните животни циклуси на кожата, благодарение на повеќекратните дејства и можностите за примена.

Благодарение на неговиот состав, ја хидрира, смирува и детоксицира кожата со само едно аплицирање.

Патентираниот КОХЕДЕРМ КОМПЛЕКС, обезбедува интензивна хидратација, додека пак термалната изворска вода Avene има докажано смирувачко и анти-иритирачко дејство.

Уште една голема придобивка е комбинацијата на ПРЕ-ТОКОФЕРИЛ + ДЕКСТРАН-СУЛФАТ, која помага кожата трајно да се хидрира од ден на ден и да се заштити од оксидативен стрес.

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Салвео-фарма“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во септември.

 

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.