ПОДАРОК: 2 моќни сојузника за заштита од сонце – Burra Sun Milk SPF 30 и Cool Aloe Vera BioActive Gel од „Есенса“

Подготвени за на плажа!

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Есенса“ ќе израдува читателка со сет производи, составен од два моќни сојузника при изложување на сонце Burra Sun Milk SPF 30, како и гел за смирување на кожата Cool Aloe Vera BioActive!

BURЯA Sun млеко за заштита на кожата на лице и тело од сонце со SPF30, штити од штетни ултравиолетови зрачења во широк опсег на UVA и UVB со комбинација на хемиски филтри.Со употреба на современи емулгатори, постигнато е да производот лесно се нанесува на кожата, брзо се упива и не остава бели траги на кожата.

Ектоин, шеа путер, сквалан и витамин E додатно ја штитат кожата од иритација при изложување на UVA/UVB зраци.

  • Ефикасна заштита на кожата на лице и тело од UVA/UVB/IR-A зраци
  • Со ектоин кој ја штити кожата од фотостареење
  • Прилагодено за сите возрасти
  • Без парабени

Aloe vera биоактивниот гел е наменет за регенерација на иритирана, оштетена и дехидрирана кожа, како и за дополнителна нега на здравата кожа. Овој гел ги задоволува сите основни кожни потреби, ја чува природната pH-вредност на кожата, ја храни, обезбедува балансирана влажност и ѝ овозможува на кожата нормално да “дише”.

Поради своето регенерирачко и смирувачко дејство, Aloe vera гелот е ефикасен кај различни кожни промени: иритација, инфекција, воспаленија, изгореници, акни, осипи, црвенило и првутење.

Со нанесување на гелот на кожата по сончање се спречува предвременото стареење на кожата, настанок на брчки и флеки. На кожата ѝ се враќа сјајот, влагата и еластичноста, а исончаниот тен останува сочуван значително подолго време.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во август.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.