Подарок: 1 читателка ќе добие богат серум и облоги за нега од „Олпео“

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Олпео“, специјализираната продавница за корејска козметика, подарува богат серум и облоги за нега под очите Benton Snail Bee Ultimate.

Snail Bee Ultimate серумот на Benton е повеќефункционален серум збогатен со захаромицес/филтрат од ферментиран слуз од полжав, пчелин отров, вода од лист од чајно дрво и растителни екстракти. Вклучете го овој серум во дневната и ноќната нега на Вашето лице доколку имате лузни од акни, зголемени пори или сакате да ги намалите и спречите брчките.

Кажете им збогум на темните кругови околу очите. Вашето лице е вашата најголема скапоценост, затоа нека заблеска со вистински сјај со помош на златото, дијамантскиот прав и бисер од Benton Snail Bee Ultimate Hydrogel лепенките за очи. Потопени се во висококонцентрирана есенција која длабински ја ревитализира и осветлува кожата околу очите.

Benton е корејски бренд за козметика создаден од доктор JangWon Lee и неговиот брат ChaeWon Lee и веќе е многу популарен не само во Кореја туку и во САД и Европа. Филозофијата на брендот се заснова на употреба на природни и делотворни состојки кои не ѝ штетат на кожата.

Доколку сакате да гo добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата.

Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во септември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.