Нов бран подароци од „Убавина и здравје“: Ве очекуваат козметички новитети, парфеми, книги и врвна нега!

Драги читатели, и овој месец ве очекуваат прекрасни изненадувања! „Убавина и здравје“ продолжува да ги наградува своите верни следбеници со внимателно одбрани подароци од светот на убавината, негата, парфемите и литературата.

Во мајското издание на списанието „Убавина и здравје“ подготвивме богата палета производи од реномирани брендови, кои ќе внесат повеќе убавина, свежина и задоволство во вашето секојдневие.

Ова се подароците што можете да ги освоите:

„Септима“ ќе израдува една читателка со хидратантен чистач за лице CeraVe – производ кој нежно ја чисти кожата, истовремено зачувувајќи ја нејзината природна хидратација.

„Аура“ подарува Hydra Mist спреј за лице – освежувачки бустер на хидратација кој на кожата ѝ дава моментална свежина и сјај.

За една читателка, „Септима“ обезбеди Dercos шампон против првут – ефикасна формула за здрава и негувана коса.

„Дебора“ подарува комплет шминка што вклучува маскара и молив за очи 24 Ore, како и кармин Super Vinyl – совршена комбинација за впечатлив изглед во текот на целиот ден.

„Септима“ ќе подари и комплет од La Roche-Posay: нежното средство за миење Lipikar Syndet и хранливото млеко за тело Lipikar Baume AP+, идеални за чувствителна и сува кожа.

За една наша читателка, „Мартимекс“ обезбеди Payot сет за нега со маски за дланки и стапала – вистински мал спа-ритуал во домашни услови.

Љубителките на негувана коса ќе имаат можност да освојат комплет против опаѓање на косата Essence of Nature од „Афродита“.

За љубителите на добрата книга, „Клуб Матица“ подарува два привлечни романи – „Сестри на сончогледите“ од Марта Хол Кели и „Афера“ од Мари Форс.

Една читателка ќе добие сенка за очи Naj Oleari Petalicious Bloomlight Eyeshadow 01 и прајмер за маскара Naj Oleari Petalicious Click On Me – совршен тандем за беспрекорна шминка.

„Герлан“ подарува луксузен кармин Guerlain Kiss Kiss, кој ги комбинира интензивната боја и негата во едно елегантно издание.

„Џулиет хез а ган“ ќе израдува една наша читателка со прекрасен мирис од колекцијата Juliette – парфем што остава впечаток уште при првото нанесување.

За љубителките на цветните мириси, „Герлан“ подарува Florabloom Absolu – парфем што наликува на раскошен цветен букет преточен во шише.

„Милер Харис“ го обезбеди Sherzo – сензуален и уметнички инспириран мирис кој ги освојува сетилата.

„Мартимекс“ подарува Apothéose de Rose – елегантен и префинет мирис што претставува вистинска ода на розата.

На листата подароци се наоѓа и Fatale Philipp Plein – впечатлив парфем кој ги слави женската самодоверба, сила и заводливоста.

Како да учествувате?

Следете ги официјалните профили на „Убавина и здравје“ на социјалните мрежи:

Фејсбук: Ubavina & Zdravje

Инстаграм: ubavinaizdravje.mk

Таму редовно ги објавуваме сите подароци, правилата за учество и условите за освојување.

Не пропуштајте јаможноста токму вие да бидете следниот добитник. Следете нè, учествувајте и станете дел од приказната што секој месец носи нови причини за насмевка, убавина и задоволство.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе