Во раните 1990-ти, во Тексас, САД, започнува прекрасна приказна со неверојатен успех. Tito’s Handmade Vodka, американски бренд роден од страста и визијата на нејзиниот основач Берт „Тито“ Бевериџ, кој го трансформира правењето вотка во уметност, што резултира во врвен бренд со глобално признание.
Берт Тито Бевериџ не само што го подигнува на едно поинакво ниво занаетот за правење вотка и се стреми кон одличен производ туку и неговата корпоративна одговорност и вклученост во заедницата се истакнуваат, поставувајќи го Tito’s како пример за успешна компанија.
Од почетокот во Остин – Тексас, дeнес со светска популарност, брендот не само што нуди вотка со извонреден квалитет, туку се истакнува по тоа што е без глутен и се поставува како пријател на кучињата, што уште повеќе ги нагласува вредностите на брендот. Со оваа тивка револуција, Tito’s Handmade Vodka станува не само избор за најдобра вотка туку и симбол на иновација, посветеност и социјална одговорност.
Сепак, она што навистина го издвојува Берт- Тито Бевериџ во индустријата за алкохолни пијалаци е неговото големо срце. Неговата кауза „Водка за љубителите на кучиња“ е пример за посветеноста на брендот на благосостојбата на животните.
Оваа иницијатива е родена од љубовта на Берт кон кучињата и желбата да се подобри животот на домашните миленици. Низ годините, Titо’s спасил над 130 дестилерски кучиња и поддржал илјадници непрофитни организации.
Програмата започнала со партнерство со Еманципет – организација посветена на обезбедување ветеринарна нега по прифатлива цена, и оттогаш се проширува глобално. Оваа иницијатива го одразува верувањето на брендот во „правење добро“, принцип кој продира во секој аспект од неговиот бизнис.
За време на кампањата „Биди дарител“, која е во корист на ASPCA, Tito’s обезбедил лесен начин
за луѓето да ги поддржат животните, што резултирало со донација од 1 долар, и достигнувајќи неверојатни 150.000 американски долари.
Tito’s, преку нивната веб-продавница дел од продажните нето приходи ги вложуваат во поддршка на разни непрофитни организации.
Клиентите можат да одберат поддршка од благосостојба на животните до зачувување на животната средина. Овие иницијативи ја одразуваат посветеноста на Tito’s да има позитивно влијание врз заедницата и да ги поддржува каузите кои се важни за поширокото општество.
Tito’s го направи својот грандиозен влез на македонскиот пазар минатата година, со себе носи повеќе од само наградуван вкус и исклучителен квалитет. Оваа експанзија означува значајна пресвртница за потрошувачите со бренд кој се гордее со своите акредитации, без глутен,
посветеноста на изработката и длабокиот етос на заедница и грижата за домашните миленици.
За Македонија, доаѓањето на Tito’s не е само додавање на уште една вотка на полицата, туку прифаќање на бренд кој претставува иновација, инклузивност и радост. Со Tito’s, македонските љубители на вотка и секако туристите , сега можат да уживаат во премиум американска вотка која навистина прави разлика.
Додека рачно изработената вотка на Тито продолжува да го влева своето срце во секое шише, тој ве поканува да му се придружите во славењето не само на уметноста на правење вотка туку и во радоста на подарувањето.
Без разлика дали наздравувате за некоја посебна пригода или уживате во дружење со пријателите, една чаша Tito’s гарантира дека вашиот пијалак носи подлабоко значење – посветеност на квалитетот, заедницата и грижливоста.
На здравје!

Текст и фото: ПР