Мајска „У&З-лавина од подароци“: „Еликсир Ексклузив“ со прекрасен подарок за 2 читателки

Овие и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Во рамките на мајската „У&З-лавина од подароци“, 2 читателки на премиум-бројот на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“ ќе добијат два прекрасни подарока, кои ги обезнедија парфимериите „Еликсир Ексклузив“.

Една читателка ќе добие кармин Lancome L’Absolu и лак за нокти Lancome Vernis in Love, а на друга сјај за усни YSL Gloss Volupte.

Сите што веќе го купија мајскиот број на списанието „Убавина и здравје“, кое поради одбележувањето на 10-годишниот јубилеј го красат десет различни насловни страници (повеќе информации можете да прочитате тука), знаат дека со секој купен примерок се добива и подарок од нашиот верен пријател – парфимериите „Еликсир Ексклузив“.

А доколку сакате да ги добиете на порадок карминот Lancome L’Absolu, лакот за нокти Lancome Vernis in Love, и сјајот за усни YSL Gloss Volupte, кои се наоѓаат на страницата за подароци во магазинот, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од априлската „У&З-лавина“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во јунскиот број на списанието „Убавина и здравје“, кој излегува на 10 јуни. Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време