„Литература.мк“ со подарок за 2 читателки: „Тошо Малерот: монологија“ и „Миа во Амстердам“

За љубителите на пишаниот збор

Овие и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Литература.мк“ ќе израдува две начи читателки со по едно ремек-дело – „Тошо Малерот: монологија“ на Васко Тодоров и „Миа во Амстердам (Јас сум Миа #2)“ на Јана Мишо.

Во книгата „Монологија“ на Васко Тодоров се собрани сите култни монолози на неговото хумористично алтер-его Тошо Малерот од легендарното шоу „К-15“, но и скечеви кои досега не биле емитувани на телевизија.

Батка, оваа книга ти е чист импресионизам со примеси на експресионизам, а целта е да се доближи човековото внатрешно битие кон возвишеното во него. Затоа што љубовниот стремеж е чекан, обостраната хемија е длето и сè се сведува на делкање“, вели тој.

Втор дел од серијалот „Јас сум Миа“ на авторката Јана Мишо е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Веќе е во продажба во сите книжарници „Литература.мк“ и може да се нарача онлајн на веб-страницата www.literatura.mk

Миа заврши со проблемите за време на школската година и сега оди на распуст во Амстердам да си прави нови проблеми. Приказната може да се чита без да го имаш прочитано првиот дел, затоа што има сосема нови, независни настани, со тоа што има ризик од откривање на приказни од првиот дел. Овде Миа се учи да се потпре сама на себе, се соочува со дилеми што, иако се навидум едноставни во однос на комплицираниот надворешен свет, сепак ја учат како да се запознае себеси, што мислам дека е вештина што секогаш ти се наоѓа во животот. Има нови ликови, нова средина и нови, неоткриени таленти на Миа. Веќе ги добивам првите реакции на мејл и на социјалните мрежи и повторно многу девојчиња се пронаоѓаат, што многу ме радува, затоа што ја креирав да биде паметна, талентирана, своеглава, аналитична и забавна. Тоа е супер огледало за млад човек“, вели авторката Мишо.

Доколку сакате да ја збогатите домашната библиотека со едно од овие две ремек-дела, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а подарокот се подига во книжарницата „Литература.мк“ на улица Македонија.

Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.