Лавина од подароци на „Убавина и здравје“: Освојте врвни козметички хитови, нега за кожа и коса и луксузни парфеми

Драги читатели, повторно ве очекува вистинско изненадување! „Убавина и здравје“ носи нова серија подароци кои ги комбинираат убавината, негата и луксузот – токму она што секоја љубителка на козметика би го посакала.

Ова се подароците што можете да ги освоите:

За една читателка следува подарок од „Мартимекс“: Naj Oleari Click On Me Waterproof Mascara и палета сенки Naj Oleari Wonder Look – совршен сет за драматичен и долготраен изглед.

„Дебора“ подарува комплет шминка за една читателка: маскара, водоотпорен ајлајнер и Easy Color Blush & Lipstick – практичен сет за секојдневна и вечерна убавина.

„Септима“ ќе израдува една читателка со CeraVe Reparative Hand Cream – интензивна нега за исклучително сува и оштетена кожа на рацете.

За една читателка „Мартимекс“ обезбедува елегантен женски парфем Monotheme White Gardenia – чист и цветен мирис со класична нота на женственост.

„Септима“ подарува Vichy Dercos Aminexil Clinical R.E.G.E.N. Booster 90 ml – серум за регенерација и зајакнување на косата.

За една читателка „Мартимекс“ обезбедува Versace Dylan Blush Pink 50 ml EDP – модерен, свеж и префинет парфем.

Една читателка ќе добие двоен сет од „Мартимекс“:Teaology Black Rose Hand and Nail Cream и Teaology Peach Tea Hyaluronic Mask – комплет за нега и хидратација.

„Септима“ избра La Roche-Posay Effaclar Duo+M за една читателка – корективна нега со термална вода, идеална за проблематична кожа.

Три читателки ќе добијат бои за коса AURA Explicit – формула со арганово масло која обезбедува интензивна и долготрајна боја од 4 до 6 недели.

За љубителите на литературата, „Клуб Матица“ подарува две книги: „Куќата покрај фјордот“ од Розалинд Лејкер и „Клетата“ од Мо Хејдер – вистински книжевни бисери за долги зимски вечери.

Како да учествувате?

Следете ги официјалните профили на „Убавина и здравје“ на социјалните мрежи:

Фејсбук: Ubavina & Zdravje

Инстаграм: ubavinaizdravje.mk

Побарајте ги објавите за giveaway, прочитајте ги правилата и станете дел од оваа голема приказна за убавина, подароци и изненадувања.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе