„Халкбанк“ и „Убавина и здравје“ со поддршка за трговците погодени од кризата

Пријавете се и освојте ваучер од 2.000 денари од la Chic!

Здравствената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот никого не остава имун, па така ниту помалите трговците, кои мораа да ги затворат своите врати и следствено – ги трпат економските последици.

Еден од нив е и центарот за убавина la Chic, кој нуди најразлични услуги за убавина, од секакви фризерски услуги за деца и возрасни, маникир, педикир, исцртување на веѓи, преку отстранување на влакна од сите области од телото и најразлични третмани за лице и кожа, па сѐ до повеќе видови релакс-масажи.

Салонот располага со врвни апарати и модерно-опремен простор, кој се наоѓа во Џевахир Скај Сити кулата  А, а таму ќе ве пречека љубезен и професионален персонал, кој несомнено ќе ви овозможи супериорна услуга на завидно ниво, каква што ретко каде можете да најдете.

Но, како и многу други, салонот la Chic поради ситуацијата со коронавирусот беше принуден да прекине со својата работа, меѓутоа со постепеното нормализирање на ситуацијата, така и la Chic, на голема радост на своите верни клиенти, повторно ги отвори своите врати и започна со редовно закажување термини секој работен ден, од 10 до 17 часот и сабота, од 9 до 13 часот.

За да му помогнеме на овој центар за убавина што поскоро и својот бизнис да го врати на „стабилни нозе“, заедно со „Халкбанк“ на една наша читателка ѝ доделуваме ваучер во вредност од 2.000 денари, кој може да го искористи за каква било услуга во салонот la Chic.

Сѐ што треба да направите е објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, да ни оставите и ваш коментар под оваа објава на Фејсбук и со тоа станувате потенцијална добитничка на ваучерот од 2.000 денари за la Chic. Добитничката се избира по случаен избор на редакцијата. 

За повеќе информации или пак за закажување термин во la Chic јавете се на тел. бр. 02 246 6366, или побарајте ги на нивната фејсбук-страницата  @LaChicsallon.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.