„Еуцерин“ со подарок за една наша читателка

Овие и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Еуцерин“ на една читателка на „Убавина и здравје“ ќе и’ подари мевлем за оштетена кожа Eucerin Aquaphor и ноќен пилинг и серум Eucerin®Hyaluron Filler.

Мевлемот обезбедува SOS нега од којашто кожата има потреба и ја забрзува регенерацијата на кожата. Тој образува полуоклузивна заштитна бариера на површината на кожата, којашто го помага природниот пренос на вода и кислород во и од кожата. Глицеринот во формулата е ефикасен навлажнувач, којшто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата. Тој дејствува заедно со пантенолот, којшто помага да се забрза оздравувањето и регенерацијата на кожата, при што истовремено и ја хидрира. Клинички и дерматолошки е докажано дека мевлемот го забрзува оздравувањето на повредената кожа.

Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум може да се користи секојдневно. Се препорачува да се нанесува со нежни масажни движења на добро исчистена кожа. За оптимални резултати Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум треба да се нанесува навечер пред ноќниот крем за нега којшто го користите, како на пример Hyaluron-Filler ноќен крем. Бидејќи формулата со алфа-хидрокси киселини (AHA) ја прави кожата почувствителна кон сончевата светлина, неопходно е преку ден да се нанесува дополнителна заштита од сонце, како на пример Hyaluron-Filler Дневен крем со SPF30.

Доколку сакате да го добиете овој подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од мартовската „У&З-лавина“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во априлскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

 

Прочитајте и
2 коментари
  1. Violeta вели

    eucerin-prekrasna kolekcija za nega na liceto.e

  2. Elizabeta вели

    Redoven korisnik sum na Vasata kolekcija. Prekrasna kolekcija.

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.