„Еликсир ексклузив“ подарува: New Gentle Micellar Water Collistar + памукчиња од бамбус

Темелна нега

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Парфимериите „Еликсир ексклузив“ ќе израдуваат една читателка на новиот број на „Убавина и здравје“ со прекрасен подарок за чист и блескав тен – мицеларна вода Collistar и перничиња од бамбус за чистење на кожата на лицето.

Во еден едноставен чекор, NEW GENTLE MICELLAR WATER:
• Темелно ги отстранува сите видови шминка од лицето, очите и усните.
• Не го оштетува, ниту нарушува микробиомот на кожата.
• Отстранува 100% од загадувачите. (Текстот продолжува по огласот)

НЕ СОДРЖИ состојки од животинско потекло, сапуни, силикони, парфм, алкохол. дерматолошки и офталмолошки тестиран. Погоден за најчувствителна кожа и очи, воедно и за контактни леќи.

Доколку сакате да го добиете подарокот, кој дефинитивно ќе ја подигне вашата рутина на нега на повисоко ниво, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во мај.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

 

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.