Елегантен, заводливи луксузен подарок за 2 читателки: Moët & Chandon Impérial Rosé и Moët & Chandon Impérial Ice Rosé

Овие и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„ХМ спиритс“ на една наша читателка ѝ подарува Moët & Chandon Impérial Rosé во комплет со две прекрасни чаши, а на друга Moët & Chandon Impérial Ice Rosé, исто така во комплет со две оригинални чаши за шампањско.

Интензивни и неодоливи истовремено, Moët & Chandon Impérial Rosé и Moët & Chandon Impérial Ice Rosé се најекстровертниот и најзаводливиот израз на стилот Moët & Chandon. Нивниот вкус е како живописен букет од свежи црвени летни бобинки со цветни нијанси (роза, глог) и лесен допир на бибер.

Се препорачува да се консумираат со храна која е едноставна и интензивна по арома, вкус и боја – школки, риба на скара или во тава, црвено месо (сурово до лесно готвено) во лесен сос, вкусен зеленчук и со јагоди, се разбира.

Доколку сакате да добиете еден од двата сета на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во март. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.