Две ремек-дела подарок од „Топер“: „Без излез“ и „Кога месечината е ниско“

Овие и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Издавачката куќа „Топер“ ќе израдува двајца читатели на списанието „Убавина и здравје“ со по еден свој наслов.

„Без излез“ – напнатоста расте со секоја нова страница во највозбудливиот трилер што ќе го прочитате оваа година.

Додека брза да се врати дома на празниците, Дарби Торн поради снежната бура е принудена да скршне од патот и да запре на едно одморалиште среде планините во Колорадо. Додека ја поминува ноќта со четворица сосема непознати луѓе, сосема случајно здогледува едно девојче заклучено во еден од паркираните автомобили. Одеднаш свесна дека се наоѓа во голема опасност, Дарби се прашува: Кое е тоа девојче? Зошто е киднапирано? Како да му помогне на беспомошното девојче кога нема сигнал на мобилниот телефон и кога не може да го продолжи патот поради снегот? Кој од преостанатите патници го киднапирал ова дете? И, што е најважно, кому, воопшто, може да му верува?

 

„Кога месечината е ниско“ – од авторката на бестселерот „Бисерот што ја скрши школката“

Воодушевувачки, застрашувачки и триумфално, „Кога месечината е ниско“ ја следи одисејата на една храбра Авганистанка во спасувањето на нејзиното семејство.

Во Кабул се сретнуваме со Фереиба, учителка која зад себе го остава проблематичното детство наоѓајќи љубов во договорениот брак. Но, удобниот живот на Фереиба се разурнува кога Талибанците доаѓаат на власт и нејзиното семејство станува мета на новиот фундаменталистички режим. Принудена да избега со своите три деца, Фереиба има една надеж за опстанок: да побара засолниште во семејството на својата сестра во Лондон.

Патувајќи со фалсификувани документи и зависејќи од добрината на непознати луѓе, Фереиба и децата го започнуваат своето измачувачко патешествие како бегалци. Во тајниот свет на илегалците кои живеат на улиците на европските градови, нивната судбина доживува застрашувачки пресврт кога синот на Фереиба, тинејџерот Салим, се одделува од остатокот од семејството.

Со скршено срце, Фереиба нема друг избор освен да продолжи понатаму со својата ќерка и со бебето – но мајката и синот ќе ги преминуваат опасните граници една по друга, ризикувајќи ги своите животи, во надеж дека ќе најдат место каде што ќе можат повторно да се обединат.

Доколку сакате да ги добиете овие подароци, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од јунската „У&З-лавина од подароци“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во јулскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.