Дневен засилувач „Vichy Mineral 89“ – подарок за една читателка од „Септима“

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Една читателка на октомврискиот број на списанието „Убавина и здравје“ ќе добие на подарок засилувач Vichy Mineral 89подарок од „Септима“.

Oсвен длабинска хидратација, дневниот засилувач Vichy Mineral 89 ќе ѝ овозможи на кожата и интензивно зајакнување на нејзината бариерна функција, бидејќи таа е клучен параметар за нејзината отпорност.

Докажано ја зајакнува бариерната функција на кожата: ја зајакнува атхезијата на корнеоцитите и формира заштитна мрежа (матрица) на кожата. По четири недели, изразени се: пополнетост на кожата, измазнетост на кожата и посјаен, здрав изглед на тенот.

Сите овие докажани ефекти се драгоцени за нашата кожа, забележуваме обнова, мекост и, генерално, поздрава и поисполнета кожа.

Хијалуронската киселина е референција за хидратација и пополнување на кожата, а Vichy ја користи од природен извор, добиена со ферментација од пченица. Лесната гел-текстура дава моментална свежина и чувство на хидратација.

Лесно се нанесува, брзо се апсорбира и не остава лепливи траги на кожата. Голема предност е што можеме да им го препорачаме на сите: жени, мажи, адолесценти, без оглед на типот на кожата, полот и старосната група, затоа што сега на сите им е и потребен!

Доколку сакате да го добиете на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во ноември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.