Anew: Серум и тоник за лице со витамин Ц – подарок за 1 читателка од „Авон“

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Авон“ во рамките на ноемвриската „У&З-лавина од подароци“ подарува сет за нега на лице – тоник и серум за поголем сјај на лицето со витамин Ц Anew.

Станува збор за ефикасни производи погодни за секоја жена на која било возраст, кои содржат витамин Ц за кој се знае дека е неопходен за потхранување и младешки изглед на кожата, но истиот не е произведен од нашето тело. Тој треба да се апсорбира од надворешни извори, како што се храната и додатоците.

Витаминот Ц е моќен антиоксидант кој го поттикнува сјајот и блескавиот изглед на кожата , борејќи се против слободните радикали, со што штити од предвремено стареење.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во декември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.