„Афродита козметика“ подарува 3 делотворни производи за кожа што се бори со целулит

Активна нега

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

Една читателка на „Убавина и здравје“ има можност да добие на подарок 3 бустери за цврста, активна и задоволна кожа од „Афродита козметика“.

Оваа нова линија на „Афродита козметика“ ги вклучува гелот Active Boost за согорување на мастите, кремот Firming Boost за реобликување на телото и Аnti-Celulit Boost активаторот со ефект на детоксикација.

Кремот за зацврстување ја подобрува еластичноста на кожата по само 24 часа. Антицелулитниот Boost е активатор за детоксикација со ефект на загревање за поуспешна борба против целулитот, додека гелот Active Boost содржи активна формула која помага во процесот на топење на масните клетки и помага во реобликување на линијата на телото.

Со редовна употреба наутро и навечер, физичка активност, доволно течности и здрава исхрана, можете да уживате во резултатите – цврст задник, редуциран целулит и намален обем на телото.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во март.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.