Додека во текот на претходната есен и зима имавме јасни претставници на животинскиот принт, како што се кравата и леопардот, оваа година го имаме на располагање целото животинско царство.
Без разлика дали се враќате на добрите стари класици во форма на леопард или змиски дезени, или сакате да пробате нешто помодерно варијанти како што е бамби принтот, опциите и варијациите се бесконечни. Од палта, панталони, до фустани и здолништа, нема парче што не доаѓа со еден од омилените дезени оваа сезона. Овој пат, нашиот фокус е на здолништата со животински принт и начините за нивно стилизирање.
View this post on Instagram
Овие здолништа се, од една страна, смело парче околу кое може да се изгради цела комбинација, додека од друга страна, тие ја задржуваат својата разновидност и можат да се носат во сосема различни комбинации.
View this post on Instagram
Кога станува збор за парчиња со вакви впечатливи шари, голем број луѓе ќе се воздржат од нивно комбинирање со други впечатливи парчиња. Сепак, здолништето со зебра принт може да блесне дури и ако додадете навидум спротивставени принтови, како она со ромбоиди. Сè што треба да направите е да изберете детаљ во помирна нијанса, за да нема премногу визуелен конфликт. Змискиот принт може да дојде до израз во комбинација со бомбер јакна во сличен тон, но акцентот се постигнува со детали како што се чизми или добра кожна чанта во it нијанса како што се темноцрвена или популарната кафеава боја.
View this post on Instagram
Фото: Instagram/ @hannahlovey