Викторија Бекам: Храбро издание во кое ретко ја гледаме

Нетипична модна комбинација

Cрни „skinny“ фармерки и проѕирна црна блуза

Откако престана да настапува со групата Спајс Грлс, Викторија Бекам радикално го промени својот имиџ. Во нејзиниот гардеробер порано имало многу има мини тоалети со животниски принт, топ со длабоко деколте и мини здолништа.

Наместо тоа, почнала да дизајнира облека со романтичен и женствен стил, која почнала да ја носи далеку од очите на јавноста, но и на јавните настани. Токму поради тоа многумина изненадила со своето последно издание.

Фотографите ја фотографирале славната Британка пред ноќниот клуб „Laylow“ во Лондон во црни „skinny“ фармерки, кои ги искомбинирала со проѕирна црна блуза, а под неа јасно се гледал градникот во истата боја. Целата комбинација ја комплетирала со црни штикли кои инаку обожува да ги носи.

Викторија дошла во ноќниот клуб, со синот Бруклин, на забава по повод вискито од брендот „Haig Club“, со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг Дејви Бекам веќе две децении е нивен амбасадор.

Дејвид за оваа прилика одбрал елегантно сиво одело и панталони, кои го искомбинирал со кафена ролка и црни чевли.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време