Тренди-спој: лежерно плетиво + здолниште

Уникатна комбинација

Спој на лежерни, широки и топли плетива со дамски и елегантни здолништа

Спојот на „спротивностите” секогаш е предизвик во модната индустрија.

Фузијата на различните естетики е доминантна во уличната мода и токму тоа е она што ја прави возбудлива. А тендециите од уличната мода се наметнуваат и во општоприфатените трендови, што повторно укажува на нејзиното влијание во модниот свет.

Една таква сезонска тенденција, популарна и меѓу впечатливите стилски икони од уличната мода, но и на Инстаграм, е спојот на лежерни, широки и топли плетива со дамски и елегантни здолништа.

Таквата комбинација остава впечаток на урбан, а истовремено и софистициран изглед. Предност е што овој спој може да го имате во предвид и како деловна комбинација, комплетирана со соодветни чевли и блејзер, а од друга страна со избор на повпечатливи дезени, материјали или бои, овој аутфит е функционален и во свечена варијанта со елегантни високи потпетици.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време