Париски шик: едноставност со доза на елеганција
Француската естетика останува симбол на софистицираност. Сив тренч од Zara, комбиниран со романтична кошула со туфни од Mango и бели панталони, создава беспрекорен дневен изглед.
Долгиот фустан од тантела и нежните детали додаваат женственост, додека лакираната чанта од Massimo Dutti ја заокружува приказната со доза на луксуз.
Финален печат: очила за сонце од Christian Dior – симбол на елеганција со карактер.
![]()
Лондонски стил: класика со модерен пресврт
Лондонската мода игра помеѓу традицијата и трендот. Маслинест мантил од Zara и пепито-јакна од Mango се идеална комбинација за динамично секојдневие.
Рамен тексас крој, свилена марама од Marella и кожени чевли од Massimo Dutti создаваат баланс помеѓу лежерност и префинетост.
Детали што прават разлика:
- Мирис со британски дух – Ambre Royal од Atkinsons
- Обетки со сјај од Swarovski
- Класични очила од Christian Dior
Милано: смелост и луксуз во секој чекор
Италијанската мода не признава компромиси – тука владеат текстури, кроеви и впечатливи детали. Маслинеста кроко-јакна од Mango и тесно здолниште со впечатлив дезен создаваат силна модна изјава.
Класична бела кошула од Zara и ролка во длабока нијанса се основа за софистициран изглед.
👉 Акценти:
- Впечатлив чокер од Swarovski
- Парфем со италијански карактер – Donna од Trussardi
- Очилата од Christian Dior за урбан печат
Њујоршки уличен стил: смела урбана енергија
Практичноста и стилот одат рака под рака во Њујорк. Кратка кожна јакна од Massimo Dutti, комбинирана со ролка и здолниште од Mango, создава модерен урбан изглед.
Панталоните од вештачка кожа од Zara и бомбер-јакната од H&M носат динамика, додека впечатливите аксесоари го прават стајлингот незаборавен.
👉 Завршен впечаток:
- Очила од Christian Dior
- Часовник со кристали од Swarovski
Без разлика дали сте љубител на минимализам, класика или смели комбинации, модните метрополи оваа сезона испраќаат јасна порака – стилот е личен печат, а инспирацијата е насекаде околу нас.
Текст: Бојана Стојменовиќ
Фото: ПР