Tрендовските сезонски парчиња облека што ќе можете да ги носите повеќе сезони

Погледот во плакарот да се претвори во вашиот омилен поглед оваа сезона

За да има дадеме свежина на основните модели, треба правилно да ги одбереме трендовските или сезонските модели.

Важно за вас е како вие да одредите кои се тие трендовски, сазонски парчиња кои ќе ви ја освежат гардеробата, а сепак нема да потрошите едно мало богатство?

Постојано до сите нас стигнуваат разни визуелни информации. Сите тие визуелни информации ни дефинираат во кои модни трендови ќе уживаме сезонава. Овде акцентот го ставаме на зборот „уживаме“. Додека се опуштаме пред телевизорот, на Инстаграм, на кафе со пријателките,  опкружени сме со разни модни трендови. Сепак, тие што ви оставаат најголем впечаток, тие остануваат врежани во вашата перцепција.

Пробајте да дефинирате на кои од тие перцепции реагирате со насмевка,  со воодушевување, а кои едноставно ги одминувате и игнорирате. Од највлијателната позитивна перцепција ќе успеете да дефинирате кој е трендот кој ќе ви измами насмевка сезонава и со тоа веќе ќе знаете кој дезен и кои бои ќе ви доминираат во плакарот.

На тој начин погледот во плакарот ќе се претвори во вашиот омилен поглед оваа сезона. 

Вашите позитивни емоции се вашиот внатрешен компас за сѐ во животот, затоа слушајте и гледајте што ви буди позитивни емоции, чувство на среќа и што ви изнудува насмевка, тоа ќе ве донесе до вашиот блескав изглед.

Дизајнерскиот тим на„Линеа“ особено внимава на овој дел и  секогаш вложува дополнително време токму за дефинирање на трендовите во сезоната, кои ќе ви бидат интересни не само оваа, туку и следната сезона.

Основната наша задача е да креираме парчиња облека кои ќе можете да ги носите повеќе сезони, без разлика што тие нагласуваат одреден моден тренд.

Но што навистина значи тоа? 

Кога креираме сезонски трендовски парчиња облека кои ќе можете да ги носите повеќе сезони тоа го правиме на следниов начин:

  1. Внимателно бираме материјали  –  секогаш се фокусираме на поквалитетни материјали кое ќе овозможат повеќекратно користење  на облеката.
  2. Внимаваме на квалитетот на изработка –  се трудиме квалитетот на изработка на моделите да биде на највиско ниво кое можеме да го дадеме.
  3. Креираме одговорно – го одбегнуваме ризикот да создаваме модели кои ќе ви здосадат после два месеци и веќе во следната сезона ќе бидат првиот вишок во вашиот плакар.

Кликнете го линкот и проверете кои модели од нашата последна колекција ќе предизвикаат најмногу позитивни емоции кај вас. Вашите реакции можете да ги споделите и со нас следејќи нѐ на социјалните мрежи Facebook и Instagram.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.