Колекцијата „Блосом“ ја спојува рачната изработка, премиум-материјалите и современиот дизајн во чанти со повеќенаменска форма и карактер.
Во свет каде што модата сè повеќе станува личен избор, новата колекција на македонскиот бренд YOVA носи порака што оди подлабоко од трендовите – да бидеш своја, во секој момент.
Со новата колекција „Блосом“ за сезона пролет/лето 2026, YOVA ја претставува жената низ различни фази, емоции и енергии. Инспирирана од моментот на цутење, колекцијата ја следи динамиката на современата жена – од нежност и радост, до самодоверба, движење, внатрешна вредност и смиреност.
Колекцијата се состои од пет рачно изработени модели: Ринг, Фиори, Бисера, Луна и Реса – секој со свој карактер и израз. Наместо да дефинира, секој модел остава простор да се приспособи, да се интерпретира и да стане дел од личниот стил.
Чантите се изработени рачно, со посебен фокус на техниката на хеклање, која YOVA ја трансформира од традиционална вештина во современ моден занает. Користејќи премиум-материјали од добавувачи што работат и со светски луксузни куќи, секој модел нуди комбинација од естетика, функционалност и долготрајност.
Дополнителна вредност носи и соработката со италијански партнери за дигитален пасош на производите, како и соработката со семејството Талеви, носители на традицијата на охридски бисери. Токму оваа комбинација на иновација и традиција создава производ со автентичен карактер и културна длабочина.

Она што ја издвојува оваа колекција е нејзината мултифункционалност. Секој модел е дизајниран да се носи на повеќе начини – како рачна чанта, преку рамо или трансформирана форма, овозможувајќи секоја жена да ја приспособи на својот ритам и стил.
Кампањата СВОЈА ја надополнува оваа приказна, нагласувајќи дека стилот не е нешто што се наметнува, туку нешто што се чувствува. Не станува збор за тоа да бидеш различна од другите, туку доследна на себе – во секоја фаза.
Затоа што денес, модата не е само како изгледаш. Туку како се чувствуваш.
Моделите од новата колекција „Блосом“ се веќе достапни за нарачка преку официјалната веб-страница на YOVA, а производите се изложени во кафулето „Бонобо“, каде што може да се погледнат во живо.
Текст и фото: ПР