Стилски трикови што визуелно ќе ги издолжат вашите нозе во чизми
Обожаваме чизми, но сакаме и да изгледаме добро во нив!
Колку и да сте високи, со овие модни совети ќе изгледате позгодни и повисоки
Изборот на вистинскиот модел не е лесно, а само една грешка може да влијае на тоа нозете да ни изгледаат подебело и пократко во нив одошто навистина се.
За да постигнете спротивен ефект и да ги најдете чизмите кои визуелно ќе ги истанчат и издолжат вашите нозе, ве советуваме да обрнете внимание на овие три работи при следниот шопинг.
1. Одбегнувајте лакирани и сјајни материјали
https://www.instagram.com/p/BqF3x3mD2F2/?utm_source=ig_embed
Ако сакате вашите нозе да изгледаат повити, одбегнувајте материјали со каков било сјај. Наместо нив, одберете модел од брусена кожа или слични матирани материјали.
2. Внимателно со боите
https://www.instagram.com/p/BpShpHDgURm/?utm_source=ig_embed
Најдобриот избор секогаш е класиката. Не можете да погрешите со црни или беж чизми. Ако се одлучите за чизми во посветла боја, одберете ги оние кои имаат слична нијанса на вашата кожа, особено ако ги носите со фустан. Ако сепак сакате обувки со принт или повпечатливи бои, тогаш одберете чизми до глуждови со што повисока потпетица.
3. Колку повеќе толку подобро!
https://www.instagram.com/p/BrSofyNH8RL/?utm_source=ig_embed
Притоа не мислиме на квантитетот, туку на висината на потпетиците. Секако дека треба да ви бидат удобни, но одбегнувајте ниски и дебели потпетици.