Кога е деловното облекување во прашање, важно е да се фокусирате на модните парчиња кои се прозрачни.

Како што е нашето секојдневие поприлично забрзано, потребно ни е удобноста да ја ставиме на прво место за да може полесно да ги извршуваме нашите дневни задачи.

https://www.instagram.com/p/Bx-QRWUH0_B/?utm_source=ig_embed

Голем број на работни места не допуштаат комбинации во кои се вклучени куси панталони и сандали кои често се наш омилен летен избор, ама затоа во своите аутфити може да ги уврстите нешто подолгите панталони и широк крој, а кои може да ги комбинирате со прозрачна кошула, а на кои може да додадете и сако. Со вакво комбинирање многу брзо го постигнувате посакуваниот изглед кој истовремено е опуштен и елегантен.

https://www.instagram.com/p/BwzwuRcAeat/?utm_source=ig_embed

Ако вашето работно место допушта, фармерките може да бидат вистински избор бидејќи многиу лесно се комбинираат со сите парчиња кои ги имате во ормарот. Спас од високите температури може да пронајдете и во прозрачни блузи кои оваа сезона се поубави од било кога.

https://www.instagram.com/p/Bx5OpJqJxLM/?utm_source=ig_embed

Во деловниот свет веќе одамна зачекорија боите, па осмелете се на модни комбинации кои можат да бидат впечатливи комбинирајте нежни пастелни тонови коиј се апсолутен хит сезонава.

https://www.instagram.com/p/ByFuQMKHgzY/?utm_source=ig_embed