СОВЕТИ НА МОДНИ ЕКСПЕРТИ:„Седум грешки во облекувањето, а една може да направи вашиот задник да изгледа премногу широк и опуштен“

Без разлика дали имате кратки нозе и подолго торзо, ставањето маица во панталоните или здолништето помага вашите нозе да изгледаат подолги. Но, ако веќе имате долги нозе и кратко торзо на почетокот, овој трик нема да ви помогне, вели Шеа Витни.

Модниот експерт Шеа Витни откри седум недостатоци кои можат да направат да изгледате помалку привлечно, од погрешно поставени џебови до погрешна должина на нозете и ракавите.

1. Погрешни џебови
– Поради џебовите на фармерките кои се широко распоредени, задникот ќе ви изгледа поширок и поопуштен, додека поблиските џебови на задниот дел од фармерките ќе го направат вашиот задник пожив. На тоа навистина сакате да обрнете внимание бидејќи тоа прави голема разлика – објаснила таа.

2. Фармерките се предолги
– Ова важи за сите панталони, но најчест проблем е со фармерките. Кога фармерките ви се предолги, тоа ја саботира целата облека. Секако, можете да ги свиткате за да ги скратите, но тоа не изгледа одлично и не е ласкаво за гледање – објаснила Шеа.

Таа советува да носите фармерки до глуждовите, ова е совршената должина.

3. Важна е и должината на ракавите
Слично на фармерките, ако ракавите ви се премногу долги или кратки, голема е веројатноста облеката да биде лошо комбинирана.

– Освен тоа, може да изгледа невнимателно и непрофесионално. Затоа, секогаш внимавајте долгите ракави да не ви поминуваат преку зглобовите, но и да не се прекратки. Правилната должина на ракавите прави голема разлика во изгледот“, вели Шеј.

4. Бидете свесни за пропорцијата
– Трикот што функционира кај еден човек може да има спротивен ефект врз друг, бидејќи не сме сите исто изградени. На пример, ако имате кратки нозе и подолго торзо, ставањето маица во панталоните или здолништето им помага на нозете да изгледаат подолги. Но, ако веќе имате долги нозе и кратко торзо на стартот, овој трик нема да ви успее, туку ќе изгледате непропорционално. Во тој случај, подобро е маичката да ја чувате надвор – додала таа.

„Сакам фармерки со висок струк, но тие не се најдобриот избор за мојот тип на тело“, вели таа.

5. Обрнете внимание на ткаенината
Сјајните материјали ве прават поголеми. Затоа, доколку имате голем задник, а сакате малку да гo камуфлирате, изберете здолништа и панталони од мат, потемни материјали со многу мал дезен.

6. И моделот е важен
Големите шари визуелно ќе ве направат поголеми, а малите помали. Исто така, вертикалните пруги се секогаш подобар избор доколку сакате да делувате поиздолжено, бидејќи хоризонталните го прават телото пошироко.

„Доколку сакате да изгледате послабо, придржувајте се до помалите дезени“, советува Шеа.

7. Обрнете внимание и на копчињата
– Не дозволувајте да ви излезат копчињата на кошулата. Иако жените со помали гради имаат помали шанси да го имаат овој проблем, сепак може да се случи. Затоа, ако кошулата ви е премногу „тесна“, земете ја за поголем број и ќе изгледате подобро – објаснила таа, а пренесува The Sun.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.