Шопинг-препорака: Нови колекции на Levi’s, Superdry и Replay во продавницата Fashion&Friends

Започнете ја пролетта со нови уникатни парчиња облека

Збогатете го вашиот плакар со парчиња од најновите колекции на Levi’s, Superdry и Replay.

LEVI’S® RIBCAGE

Пролет/лето 2019

Levi’s ја започнува новата сезона со фармерки со ултра висока половина, новиот модел Levi’s Ribcage. Овие фармерки нè носат во времето на Кетрин Хепберн и се одлични за да се долови винтиџ изгледот на модните икони од минатото, но и на денешните стилски освестени жени кои сè почесто сами ги пренаменуваат своите 501 фармерки во модел со висока половина за перфектен тексас изглед.

Levi’s® Ribcage е одличен модел кој го доловува духот на целата сезона, односно темата “Unbasic” – прослава на личниот стил и само изразувањето. Уметнички микс на современоста и автентичната естетика на Levi’s, кој доаѓа во модел со прав крој и со скратени ногавици. Модел за напредно модно стилизирање кое во еден дел го задржува и класичниот Levi’s изглед.

За Levi’s

Брендот Levi’s ги оживува класичниот американски стил и лежерност. Од нивното создавање во 1973 од страна на Levi Strauss & Co. овие фармерки стануваат најпрепознатливото парче облека во светот – задрувајќи ја лојалноста на купувачите со генерации.

Денес, портфолиото на Levi’s продолжува да расне со пионерски и иноватвен дух, уникатен во индустријата за облека. Брендот е присутен во повеќе од 110 земји овозможувајќи им на луѓето да го искажат својот личен стил.

Патување низ светот со SuperDry

Оваа сезона SuperDry нè носи на разиграно и разнобојно патување низ светот. Свеж и иновативен микс на производи збогатен со разновидни интернационални влијанија. Интересни дизајнерски детали и материјали за долгото, топло лето кое доаѓа.

Земајќи инспирација од Блискиот Исток и специфичните материјали и изработки, женската колекција “Boutique Bazaar” раскажува ориентална приказна преку употреба на “patchwork”, рачна изработка и посветеност на детали. Плетените елементи им даваат текстура на парчињата, додека пак цветните дезени и тантелата додаваат леснотија и женственост.

Линијата “Carnival” од друга страна пак, раскажува забавна и фриволна приказна. Светли бои, 3Д апликации, висечки елементи и цветови во жолта и портокалова боја,ја прават суштината на колекцијата.Кројот на парчињата како и психоделичините принтови се носечки во колекцијата инспирирана од Рио.

Колекцијата “Cote D’Azur” се фокусира на парчиња со чист и едноставен дизајн, каде доминираат ригите, додатоците во форма на цветови и нежни карнери, за интересен контраст и спортско-морнарска инспирација. Паралелнa со оваа е машката колекција“Mariner”, инспирирана од Ернест Хемингвеј и неговите авантури. Пастелни бои и летни принтови инспирирани од постери за патување од 30-тите му даваат специјален печат на целосниот изглед.

Селејќи ја инспирацијата на северот од Калифорнија, колекцијата “Big Sur” се состои од интересни тексас парчиња, со “patchwork” додатоци, војнички принтови и разновидна текстура.

Колекцијата “Skate Lux” е омаж на модата од 90-тите, скејт бордингот и возењето BMX велосипеди по калифорниските улици. Маици, дуксери и блузи, како и капчиња и чанти кои се носат преку телото, во пастелни бои за динамично лето.

Завршувајќи го патувањето на британска почва стигнуваме до линијата “Nu Lad“. Предимензионирани логоа во комбинација со современи кроеви и актуелниот тренд “athleisure” за ултра модерен уличен стил.

Со јано дефинирани теми на колекцијата и уникатни принтови, бои и детали, за пролет/лето 2019, Superdry останува верен на својата мисија на современост и свежина. Заминете на уникатно патување со Superdry оваа сезона.

Replay пролет/лето 2019: SILVERLAKE effect

Новата колекција пролет/лето 2019 е инспирирана од шик соседството Silverlake во Лос Анџелес, каде се спојуваат повеќе етно стилови и култури, музиката и спортот….место кое дозволува експериментирање од секаков вид.

Слично како и насоката во која се движи Replay, нудејќи нови технологии и иновација со секоја нова колекција.

ТЕКСАС КОЛЕКЦИЈА

Изработката на тексас колекцијатана Replay е проследена со употреба на неколку иновативни технологии кои го збогатуваат квалитетот на секое парче, а во исто време ја заштитуваат природата.

Тука спаѓаат ICE BLAST, технологија која се користи за добивање на различни нијанси на тексасот, овозможува истите да ја задржат својата свежина и заштедува 80% од водата која вообичаено се користи вообичаено за ваков третман на материјалите.

LASERPAINT е третман на материјалот кој го има кај женските тексас модели, а дава уметнички изглед и чувство на рачна изработка. Технологијата Hyperflex, која овозможува поголема флексибилност и удобност се користи кај машката и женска колекција, кај  чино панталоните и бермудите.

ЖЕНСКА КОЛЕКЦИЈА

Женската колекција претставува спој на котрастни бои и материјали. Црно-бели комбинации, кожени шорцеви во комбинација со блузи од шифон со впечатливи бои, фармерки со ласерски направени дезени стилизирани со блузи од органза, фустани со макси декорации и нежни памучни модели.

Eден дел од колекцијата е наречен Paradise Cove според област од Малибу –парчиња со разновидни принтови, кимоно со деликатни шари, блузи со животински мотиви, кожни јакни со контрастни бои и спортски манжетни, вискозни блузи и фустани.Носечки парчиња во колекцијата се блузите во риги со специфичен четвртест отвор на грбот и тантела на ракавите.

Одберете ја вашата омилена колекција и подновете се со уникатни парчиња облека што може да се најдат во продавницата Fashion&Friends, како и во засебни монобренд продавници.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.