Секако дека НЕ треба да се облекувате во согласност со годините: Донатела Версаче ги советува жените

Дали се согласувате?

За себе вели дека е млада во душа, сигурна е во својот изглед и токму затоа одлучила никогаш да не престане да носи мини здолништа

Додека повеќето модни експерти советуваат дека е најдобро да се облекувате во согласност со годините, бидејќи повозрасните дами тешко можат да ги износат младешките парчиња, една од најпознатите модни креаторки на светот го тврди токму спротивното.

Донатела Версаче (63) вели дека никогаш не би дозволила годините да ѝ бидат пречка, како во стилот на облекување така и во животот.

За себе вели дека е млада во душа, сигурна е во својот изглед и тоа причината зошто одлучила никогаш да не престане да носи мини здолништа, само што во иднина нема да ги носи без хулахопки.

„Ако сакате да одите напред, не мислете на своите години. И секако не треба да се облекувате во согласност со своите години“, категорично тврди Донатела.

Што мислите вие? Дали жената треба да се облекува во согласност со годините?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.