Пролетни комбинации за свечени пригоди

Обновете го вашиот ормар со нови и свежи парчиња во кои ќе блеснете на секоја забава на која ќе бидете поканети, но направете си стилски модни комбинации и со она што веќе го имате.

Женствените фустани и оваа пролет се на пиедестал, а доколку ги комбинирате со некое стилско и уникатно палто и накит, тогаш имате полн погодок.

 

Оваа сезона девојките сакаат да носат и блузички со карнер на едно рамо, строги костими во јаки бои, лежерни фустани со цветен принт, кошули со точки и панделки и што уште не.

Ова се само некои од парчињата со кои можете да го збогатите вашиот плакар, ако сè уште ги немате.

Никогаш не заборавајте и на модните додатоци, па така сезонава снабдете се со уникатни и впечатливи шноли, интересни обетки, многу алки и шик чантички.

Низ фотографиите ќе видите и совршени комбинации за концерт на отворено, составени од куси фармерки и романтична бела кошулка со плетена чанта и сандали што мора да ги имате.

Извор: Bonjour.ba

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.