„Олпео“: Специјализирана продавница за корејска козметика

„Олпео“ нуди избор од над 200 производи од 11 корејски брендови: COSRX, Klairs, Benton, iUNIK, Lapothicell, Aromatica, Langsre, Blossom Jeju и други.

„Олпео“ е продавница специјализирана за корејска козметика отворена во февруари 2019 година и е единствена од ваков тип во нашата земја. Лоцирана е во Градскиот трговски центар во Скопје, на првиот кат. Главен иницијатор и основач на брендот „Олпео“ е уметницата Маја Кировска, која заедно со нејзината бизнис-партнерка Санјонг Ли од Јужна Кореја, на овдешниот пазар уште на почетокот на 2019 година го воведoa новитетот на К-beauty продавница.

Преку оваа продавница тие имаат за цел, преку едно несекојдневно шопинг-искуство, да понудат кураторски избор на внимателно одбрани корејски козметички производи и брендови, за на домашните потрошувачи да им овозможат да практикуваат еден нов пристап во негата на лицето кој доаѓа од Јужна Кореја и во светот добива сѐ поголема популарност, каде е карактеристична рутината за нега во повеќе чекори (6 и повеќе чекори).

„Олпео“ нуди избор од над 200 производи од 11 корејски брендови: COSRX, Klairs, Benton, iUNIK, Lapothicell, Aromatica, Langsre, Blossom Jeju и други. Може да најдете голем број карактеристични производи кои потекнуваат од Азија и добиваат сè поголема популарност во светот, веќе прифатени од европските и американските брендови кои започнуваат со нивно производство, а тоа се специфичните ББ-кремови, ББ-пудри со перниче, ноќни пакувања, ноќни маски, пенливи маски со кислород, емулзии, тонери, лист-маски, масла за чистење, есенции, креми за порцелански тен и т.н.

За нив e карактеристична богатата концентрација на активни состојки како пептиди, церамиди, бета-глукан, ферменти, ниацинамид, аденозин, бисаболол, алантоин, слуз од полжав, пчелин отров, хијалуроска киселина, расителни екстракти, витамин Ц, витамин Б, витамин Е и др. Тоа е козметика инспирирана од традицијата и природата и не содржи состојки кои му штетат на здравјето. Многу од производите имаат уникатни рецепти кои значително ја подобруваат состојбата на кожата.

Според корејската филозофија за нега, кожата не треба да се третира само на површината, туку со континуирана нега се настојува да се задржи нејзината здрава структура одвнатре. Корејската козметика го става акцентот на чиста и здрава кожа, која е добро хидрирана и нахранета. Во Кореја има голем број на истражувачки центри кои работат на откривање на нови, поделотворни формули за нега на кожата и овие откритија се применуваат во производството на козметиката.

За брендот

Бренд-идентитетот и дизајнот на ентериер на „Олпео“ се дело на дизајнерското студио Хибридеас од Скопје. Главна инспирација на дизајнерите се продавниците за козметика во Сеул кои со својот дизајн оставија силен впечаток на дел од тимот при еден нивен престој во овој град. Тие успеваат тој впечаток да го трансформираат во целосно нов концепт.

Водени од верувањето дека иднината на козметиката ќе биде во единството помеѓу природата и науката, дизајнерскиот тим го имплементираше тоа гледиште во сите елементи на дизајнот. Најпрво, тие го одбраа името „Олпео“ како уникатно и оригинално име ширум светот, кое почнува и завршува со буквата „О“ која со својата кружна форма симболизира регенерација и континуирано обновување. Потоа за брендот создадоа модерно, геометриско и едноставно лого кое го претставува единството на природата и човечкиот напредок во технологијата.

Во дизајнот на ентериер на продавницата доминираат кривите линии и заоблените органски форми. Сјајните бели површини прават контраст со полиците и подот од темно дрво. Осветлувањето има тенденција да даде чувство за ентериер од иднината. Еден од најважните елементи се живите растенија поставени на внатрешните и надворешните ѕидови.

Што е К-beauty?

К-beauty (К-убавина) е термин за производи и третмани за нега на лицето кои потекнуваат од Јужна Кореја. Корејската козметика станува една од најпопуларните во светот благодарение на својата индустрија заснована на истражувања кои ги обединуваат традиционалната медицина со најновите научни откритија.

K-beauty, иако на светската сцена влегува како забавен трендовски новитет, брзо ја зацврстува својата позиција, бидејќи се заснова на сериозна филозофија во пристапот кон негата на лицето. Овој пристап не зависи само од производите кои се употребуваат, туку бара посветеност и истрајност во грижата кон кожата, пристап со кој на природен начин, од внатре, се стимулира здравјето на кожата до нејзин убав изглед.

За многу повеќе информации врзани за корејската козметика можете да добиете доколку кликнете ТУКА.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.