Ода на природата: Нова колекција на Linea за пролет/лето 2020

Природна неутрална модна приказна

Земјата почна да ги прочистува своите бели дробови. Градовите се прочистија, раззеленија, се намали бројот на автомобилите по улиците, а сите ние се навикнуваме на еден поприроден начин на живот, кој добро би ни дошол нам, но и на нашата единствена планета Земја. Вистинска позитивна инспирација за една модна приказна!

Природна неутрална модна приказна

Во новата колекција на Linea за пролет/лето 2020 преовладуваат неутрални земјени тонови во основните бои, испреплетени во дезен со листови. Парчињата се изработени од природни материјали, па така памукот и вискозата се материјалите што доминираат во темата, овозможувајќи ѝ на кожата да дише во топлите пролетни и летни денови, а оставајќи ја жената со чувство на свежина во текот на целиот ден.

 

Проследете ја нивната модна приказна и одберете ги вашите омилени модели на веб-сајтот linea.mk или на профилите на социјалните мрежи:

Фејсбук: @linea.mk
Инстаграм: @linea.fashion.official

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.