Најпродаван модел во последната деценија: Ова се омилените патики на познатите дами

Ако во некој момент во последниве години сте тргнале во потрага наречена – совршени бели патики – сигурно дека сте чуле за моделот Adidas Stan Smith. Нивната удобност, дизајн кој лесно може да се комбинира со различни стилови, ги направија најпродавани патики на „Адидас“ за сите времиња.

Овие патики името го добиле по францускиот тенисер Роберт Ајеу, па подоцна се преименувани по името на маериканскиот тенисер Стен Смит.

„Адидас“ прекина да ги прави овие патики во 2012, а по две години пауза повторно ги лансира во 2014 кога и направија вистински моден бум.

 Тие се и најпродаваните патики на деценијата – пренесува „Вог“ од Париз.

Очекувано овие патики може да се видат на нозете на многу познати дами, како Меган Маркл Тејлор Свифт, Џиџи Хадид, Кендал Џенер и многу други. 

Можеби купувањето на овој пар патики е одличен начин да го обележите почетокот на трендовските летни комбинации.

Фото: Getty Images
Autorфотото: Гети
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.