Модните стилисти препорачуваат: Не носете бел градник на бела маица

Ова го препорачуваат стручњаци, а пренесува порталот „Times of India“. Иако ви звучи спротивно на сè што досега сме практикувале, тие имаат и објаснување зошто тоа го советуваат.

Имено, според нив, белата долна облека или онаа во беж нијанси повеќе се забележуваат кога носите светли работи, градниците повеќе се „оцртуваат“ и го расипуваат впечатокот.

За да не се случува тоа, нивната препорака е да се носи црвен градник!

Да, знаеме дека сте изненадени и дека веројатно не се согласувате. Објаснувањето лежи всушност во подтоновите на кожата.

Така, доколку вашата кожа има црвени подтонови, црвената многу подобро ќе се вклопи под белата маица, отколку белиот градник.

Ако пак имате светол тен, односно чист тон на кожата, носете син градник, додека црномурестите дами да ги одбираат темноцрвените нијанси.

 

фото:UNPLUSH

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.