Модни совети: Полнички и елегантни

Еве што е важно за добар фустан со поголеми димензии

Да се креира облека за полничките дами е посебен предизвик за креаторите, а самодовербата и сексапилот со кои зрачат жените со истакнати облини кога ќе го облечат она што им прилега се непроценливи.

1 ШТО ПОДРАЗБИРА ПОГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ?

Повеќето дизајнери се согласуваат дека секоја жена, всушност, има уникатни димензии и фустанот треба да се прави според нејзините мерки. На светско ниво, тоа се конфекциски величини од 14 до 36, додека кај нас може да зборуваме за величини од 44 до 52.

2 ДОБАР КРОЈ И МАТЕРИЈАЛИ

За добар крој на фустанот се важни различни фактори, но, пред сè, важно е да ја следи линијата на телото. Најприфатливиот модел во индустријата за поголеми димензии е сечен веднаш под градите и да паѓа до колената или до земја, и важно е токму тој спој да биде добро направен. Се разбира, клучни се и материјалите.

3 КАКО ДА ИЗБЕРЕМЕ МОДЕЛ

При изборот на моделот треба да се внимава дали добро ни прилега и убаво паѓа. Треба да бидеме објективни кон своето тело – понекогаш пократкиот фустан нема да има добар ефект како миди, а понекогаш, пак, тесниот фустан не е подобар избор од рамниот крој. Најважно е добро вклопување на парчињата.

4 КОЛКОВИ И СТОМАК

Доколку дамата има изразени колкови, т.н. градба „круша“, најдобро ќе ѝ прилега фустан со А-крој со истакната половина. Идеален модел за дами со изразен стомак (градба „јаболко“) е фустан што е најдолг во градите, а се шири во А до колената.

5 ИЗРАЗЕНИ ГРАДИ

Кога станува збор за бујни гради, ситуацијата е посложена. Жените се делат на оние што сакаат да ги истакнат и на оние што ги кријат. Значи, и V-изрезот и затворен фустан сечен под градите се добар избор.

6 ЦЕЛОСНО ПОГОЛЕМ БРОЈ

Во овој случај, полн погодок е фустан со рамен крој што се врзува околу половината. Доколку жената е генерално крупна, треба да ја истакне фигурата со поизразена половина, а не да носи вреќеста облека, која ќе ја направи визуелно покрупна.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.