Луис & Кларк во новата кампања за мултибрендот FASHION&FRIENDS

Пристигна колекцијата есен/зима

Момче скриено зад маската на срамежлив новинар и бестрашната репортерка се главните ликови на кампањата When Lois meets Klark.

Ретро-љубовната приказна од легендарниот стрип за Супермен беше основна инспирација за новата кампања за есенската колекција на најпознатиот регионален мултибренд FASHION&FRIENDS.

Ретро-јунаците совршено се вклопуваат во денешното современо општество. Миксот и спојот на овие спротивни трендови оваа сезона стануваат наша модна реалност. Стајлинзите се впечатливи и ви помагаат подготвени да ја дочекате есента. Анимал и флорални принтови, со умерени аксесоари и обувки со неон и тексас-детали ја најавуваат модната увертира за оваа сезона. Оваа есен е назамислива без hi-tech материјалот, кожа, тексас, свила и најфин памук.

Вашите модни комбинации и желби ќе ги потполнат брендовите: Replay, Diesel, Tommy Jeans, Guess, Steve Madden, Scotch&Soda, Desigual, Hugo BOSS, Calvin Klein, Cesare Paciotti, Premiatа и Levi’s.

Зад објективот овој пат беше американскиот фотограф Kevin S. додeка стајлингот го потпишува Кристина Беквалац и Fashion & Friends team.

Избраните модели од есенската колекција можете да ги купите во мултибренд продавницата Fashion & Friends во Скопје Сити мол како и на онлјан-продавницата www.fashiongroup.com.mk

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време