Со исклучителна гала модна ревија LISCA го прослави својот 70 годишен јубилеј. Настанот кој се одржа во Љубљана во присуство од над 700 гости започна со ретроспектива на модели од 1955 година, кои ја доловија еволуцијата на брендот, а продолжи со современата колекција пролет/лето 2026 – ода на елеганција, стил и женственост.
Во магична атмосфера, ревијата претстави беспрекорен спој на традиција и модерна естетика.

Силуетите од новата колекција, во нежни пастели и впечатливи акцентни тонови, го истакнуваа духот на жената денес – смела, автентична и самоуверена.
Секој чекор на пистата ја носеше пораката „Living my Life”, симболизирајќи слобода и индивидуален стил.
Директорот на Лисца, Лука Јужна по повод јубилејот нагласи:
Постои посебна самодоверба која произлегува од чувството кога носите нешто извонредно – таа тивка моќ што не се гледа, но се чувствува. Тоа е да се живеe по сопствени правила со сопствена сила.
Затоа создаваме долна облека за секој период од животот на жената, за утрата кога никој не гледа, за вечерите кога сите гледаат, за самодовербата која доаѓа одвнатре, за вистинската моќ во нејзиниот живот.
Лисца е ветување на слобода, квалитет, убавина, успех – и ние го исполнуваме”.
Со своето наследство започнато во 1955 година, Lisca ја обликува женската елеганција преку иновативен дизајн и беспрекорни кроеви.
Денес, брендот е присутен во повеќе од 40 земји и важи за еден од водечките во светот на женската долна облека и костимите за капење.
Lisca претставува симбол на бескомпромисен квалитет, трајна женственост и современа елеганција.
Со новото лого, кое го носи мотивот на лисица, брендот мајсторски го спојува своето богато наследство со современата визија, создавајќи визуелен идентитет што претставува икона на елеганција и префинетост .
70 години успешна историја се само почеток. Lisca не го слави само минатото, туку со сигурни чекори се стреми кон иднината, креирајќи нови трендови и продолжувајќи да го дефинира светот на женската долна облека.
Брендот останува верен на својата мисија – да ги инспирира жените ширум светот да се чувствуваат убаво, самоуверено и моќно.
Приказната на LISCA продолжува да се гради со раскошен сензибилитет и препознатлив став, како вечен израз на современата женска елеганција.

Текст и фото: ПР
Затоа создаваме долна облека за секој период од животот на жената, за утрата кога никој не гледа, за вечерите кога сите гледаат, за самодовербата која доаѓа одвнатре, за вистинската моќ во нејзиниот живот.
Лисца е ветување на слобода, квалитет, убавина, успех – и ние го исполнуваме”.