„Линеа“: Подгответе се за силни тонови кои ќе ве вивнат во нови успеси и ќе ви донесат енргични есенски денови

Една поинаква сино-розова есен

Можете ли да замислите една поинаква есен во сина и розова варијанта?

Додека се подготвуваме за посмирените есенски тонови, нашиот организам ужива во влијанието на сонцето кое сѐ уште е овде, а и летото ни е уште во мислите, пред нас е една избалансирана колекција на јаки летни тонови со есенски елементи.

„Линеа“ оваа есен подготви нова, единствена и повторно инспиративна колекција, која веднаш привлекува внимание и освојува од прва.

Вистинско оживување на перцепцијата со сините и розови тонови на колекцијата на „Линеа“, искомбинирани во впечатливи комбинации за сите оние што сакаат да изгледаат беспрекорно, но и својата идеална модна комбинација да ја направат со само еден поглед на гардероберот.

Толку едноставни, а сепак толку впечатливи, моделите од новата колекција на „Линеа“ лесно се комбинираат и создаваат модни комбинации кои ви го даваат чувството на сигурност и удобност, двата елементи кои ѝ се неопходни на секоја современа жена.

Додека есенското сонце ве повикува надвор,  сѐ што ви е потребно во оваа прекрасна есен се вискозни и памучни материјали на удобни кроеви, за да можеме денот да го поминеме со позитивни вибрации и емоции.

Токму ова го нуди разиграната есенска колекција на „Линеа“.

Погледнете ја на www.linea.mk и одберете ги вашите идеални парчиња облека за оваа сезона.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.