Фармерките се популарни и оваа сезона, но само ако ги следите правилата за комбинирање

Кога станува збор за модни комбинации, тексасот е популарен и оваа сезона! Но, за да изгледате шик, многу е важно да се следат основните правила за комбинирање на фармерки. Комбинирање на различни парчиња тексас е многу популарно, но ќе изгледа добро само ако знаете како правилно да ги искомбинирате.

Комбинирајте различни нијанси на тексас

Светла тексас јакна ќе ви оди одлично со црни фармерки, а бидејќи оваа пролет тренд е обоениот тексас вашите модни комбинации ќе бидат совршени доколку се одлучите за розова или жолта тексас јакна. Комбинацијата на различни нијанси на тексас гарантира непогрешливо трендовски облека.

Имајте мерка

Совршената комбинација вклучува максимум две парчиња тексас, повеќе од тоа може да изгледа како моден неуспех.

Зачинете ја комбинацијата со впечатливо парче

Кога комбинирате две парчиња со иста нијанса на тексас, додајте детали во силна боја, како чевли или чанта за да добиете најефикасен изглед.

Прочитајте и: Изберете ги совршените очила за сонце според обликот на вашето лице

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.