Добре дојде CeraVe! Најпрепорачуваниот американски дерматокозметички бренд конечно во Македонија

На семејството на дермокозметички брендови Vichy и La Roche Posey во веледрогеријата „Септима“ конечно му се приклучи уште еден од лидерите во областа на нега на лице и тело – CeraVe.

Бренд-менаџерката Ивана Јанева Попов ни ги открива придобивките од негата со овој прочуен бренд.

CeraVe производите за нега на сува и осетлива кожа со години се препорака број еден на влијателните магазини за убавина и инфлуенсери во светот, а од февруари оваа година, можете да ги најдете на полиците на овластените аптеки во нашата земја.

Зад овој бренд стојат имињата на водечките американски експерти во областа на дерматологијата, а клучна состојка на нивните револуционерни производи се керамидите – липидните молекули, кои благодарение на иновативната MVE-технологија полека се ослободуваат во површинските слоеви на кожата, со што ја зајакнуваат нејзината природна бариера и ѝ ги враќаат влажноста и сјајот.

ЛИДЕР ВО ДЕРМОКОЗМЕТИКАТА

CeraVe е еден од лидерите во областа на нега на лице и тело во Соединетите Американски Држави и еден од најбрзо растечките брендови за дермокозметика во светот. Дермокозметиката е посебна категорија на козметика, која ги задоволува најстрогите барања на фармацевтската индустрија. Еднакво внимание се посветува на влезните супстанции, како и на крајната ефикасност и безбедност на производот.

За производство на ваков тип козметика, одговорни се експерти од областа на дерматологијата, фармацијата и други области, а нејзината ефикасност е потврдена со клинички студии. Брендот CeraVe е основан во 2005 година од тим американски експерти за дерматологија, а во следните години стекна голема популарност и милиони задоволни корисници надвор од САД.

КЕРАМИДИ И РЕВОЛУЦИОНЕРНА MVE-ТЕХНОЛОГИЈА

Дали знаевте дека основата на здравата кожа е здравата и зачувана кожна бариера? Тaa е одговорна за зачувување на основните хранливи материи во кожата, како што се водата, протеините и липидите, како и за спречување пенетрација на бактерии и разни алергени во нашето тело.

Набавете си комплетна нега, чистач за лице и тело, крем за лице и млеко за тело од линиите според потребите на вашата кожа

Многу е важно во текот на животот да се однесуваме одговорно кон потребите на нашата кожа, особено ако се земе предвид фактот дека наследните гени, многубројните надворешни фактори, па дури и начинот на живот придонесуваат за нарушување на кожната бариера. Меѓу опасностите се претераното изложување на кожата на сонце, недоволното внесување на вода во текот на денот и несоодветен избор на производи за нега.

Откако ќе се оштети, кожната бариера потешко се враќа во здрава состојба без дополнителна нега – помош во вид на препарати кои служат за обновување на хранливите материи и заштитните материи во површинските слоеви на кожата. Најдобар избор во вакви случаи се производите базирани на керамиди – природни молекули на масти, кои заедно со холестеролот и масните киселини се одговорни за влажноста и отпорноста на нашата кожа. Губењето на керамидите доведува до сува кожа, намален тонус и намалена еластичност.

ЗАШТИТНИК НА ЧУВСТВИТЕЛНА И СУВА КОЖА

За CeraVe , помалку е повеќе! Целиот асортиман на производи, покрај тоа што не содржи мириси или парабени, е алергиски тестиран и некомедоген, затоа е погоден за сите типови кожа и го спречува проблемот со затнати пори, кој може да настане поради долготрајната употреба на некои други производи на пазарот.


Пенливи гелови и хидратантната емулзија за чистење со уникатна свиленкаста структура

Покрај керамидите, производите на CeraVe може да содржат и хијалуронска киселина, глицерин, холестерол и ниацинамид (витамин Б3), кој ја смирува кожата. Исто така, типична за производите на CeraVe  е меката, елегантна, свилена текстура, која може да го подобри искуството за нега на кожата и да го поттикне да се нанесува почесто.

ИСПРОБАЈТЕ ГИ!

Корисниците во Македонија ќе имаат пристап до 21 производ наменети и за нега на лице и тело. Меѓу нив се и пенливиот гел за чистење и хидратантната емулзија за чистење, кои се препорачуваат за луѓе со сува и чувствителна кожа. Освен крем за раце и за лице, овластените аптеки ќе понудат и крем за стапала, кој ја обновува кожата на стапалата.

Производи што се наменети исклучиво за нега на тело се хидратантниот крем и хидратантното млеко – два бестселери наCeraVe , кои дополнително ја хидрираат кожата, не ја иритираат и ја прават блескава и здрава 24 часа на ден.

Брендот CeraVe е развиен во соработка со дерматолози, а неговата мисија е да ја обнови и одржува кожната бариера кај жените и мажите преку ефикасност, безбедност, усогласеност и достапност.

Производи за нега на тело во форма на крем и млеко за нега

CeraVe производите на еден од најбрзо растечките брендови за дермокозметика во светот се достапни во избрани партнерски аптеки низ Македонија и нивните онлајн-аптеки. Внимавајте на дивите препродавачи на Инстаграм!

Производи за нега на кожа со акни и неправилности

Следете го CeraVe на социјалните мрежи, ви стоиме на располагање за сите прашања.

Instagram: @ceravemk_official@ceravemk_official

Facebook: @ceravemk_official

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА, ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе