Belodore, регионалниот лидер во селекцијата на niche и луксузни мириси, ја отвори својата најнова парфимерија во трговскиот центар East Gate
Mall во Скопје. Со ова, брендот го проширува своето присуство и им овозможува на скопјани уште поблиску и поинспиративно да го доживеат
парфемскиот свет.
Новата парфимерија е дизајнирана како светол, модерен и софистициран простор, кој ја спојува минималистичката елеганција со силниот идентитет на Belodore – место каде што секој мирис претставува лично искуство, уметност и индивидуален израз.
Секој детаљ во ентериерот е осмислен внимателно, за да ја истакне филозофијата на брендот: дека парфемот не е само производ, туку приказна што треба да се почувствува.

Отворањето беше проследено со присуство на медиуми, инфлуенсери, партнери и бројни љубители на парфеми, кои имаа можност да уживаат во специјално креирано сензорно искуство во соработка со Distrikt Bar & Kitchen – Skopje.
Нивните миксолози подготвија уникатни коктели инспирирани од најпрепознатливите парфеми од понудата на Belodore – освежителни цитрусни, егзотично тропски или коктели со кожни и дрвенести тонови кои совршено кореспондираа со избраните мирисни композиции.

Оваа креативна соработка го спои светот на аромите и миксологијата, создавајќи вистинска синергија на вкусови и чувства.
Стручните Belodore консултанти беа таму да ги поведат гостите низ персонализирано мирисно патување и да им помогнат да го откријат парфемот кој одговара на нивниот карактер – било да се работи за свежи, цветни, ориентални или смело дрвенести ноти.
Со отворањето на парфимеријата во East Gate Mall, Belodore продолжува да ја зацврстува својата позиција на македонскиот пазар и да ја носи својата мисија поблиску до публиката: да ги приближи автентичните ниш мириси до сите кои ја ценат индивидуалноста, креативноста и емоцијата во секој здив.
Текст и фото: ПР