Ако овој месец купувате само 1 парче, тоа нека биде… нова чанта! (ФОТО)

Шопинг-препорака

Нашата уредничка за мода, Магдалена Медичи, ве советува како да го направите вистинскиот избор!

„Планирам да купам нова чанта што би ја носела на работа. Не би штедела на неа, но би се определила за класичен модел што ќе можам да го носам неколку години. Имате ли препорака за мене?“, прашува нашата читателка Ана (37).

Класичните чанти им се вечна инспирација на модните великани и непогрешлив моден детаљ за секоја сезона. За деловни пригоди, најзгодни се големи и правоаголни чанти, а годинешните трендови налагаат боена кожа.

Актуелен е и моделот наречен clay tote. Патент отстрана го менува волуменот на чантата и ѝ дава моќ за трансформација, а е многу популарен детаљ.

Модната куќа Guess препорачува чанти во портокалова боја, како и модели со цветен принт.

Цена: 9.290 ден. (www.fashiongroup.com.mk)

Цветниот принт може да биде мошне елегантен, а се носи со темни парчиња облека. Лесно се комбинира со сите пастелни тонови.

Цена: 9.990 ден. (www.fashiongroup.com.mk)

 

Всушност, за кој принт да се одлучите, нема да згрешите, само нека биде разнобоен и нека асоцира на пролет!

DESIGUAL, цена: 4.890 ден. (www.fashiongroup.com.mk)

Текст: Магдалена Медичи

Фото: ПР

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.