5 бои на чанти кои се хит оваа есен: Две нијанси ќе ве изненадат (ФОТО)

Со доаѓањето на есента, се менува и изборот на облека која најмногу ќе ја носиме, а посебно внимание привлекуваат чантите и нивните бои.

Оваа есен во тренд ќе бидат розова, светлокафена, маслинесто зелена, црна и ванила бела.

Иако брусена кожа, широките фармерки, бомбер-јакните и балонерите ќе бидат во фокусот на сезоната, модните додатоци добиваат посебно значење, особено кога станува збор за нијансите. Пет бои на чанти ќе доминираат во есенската мода, правејќи секој стајлинг модерен, свеж и шик.

Маслинесто зелена

Оваа есенска нијанса носи елеганција и софистициран тон на секој стајлинг. Чанта во маслинесто зелена боја одлично се комбинира со беж, црна и кафена облека, а особено убаво изгледа со капути и балонери. Зрачи со луксуз, но не е премногу формална, што ја прави идеален избор и за деловни прилики и за вечерни излегувања.

Ванила бела

Оваа нијанса покажува дека белите чанти не се само летен тренд. Ванила белата внесува освежувачки акцент во есенските комбинации и е совршена за жени кои го сакаат минималистичкиот стил, а сепак сакаат да се истакнат меѓу потемните тонови. Најдобро се комбинира со црна, сива и маслинеста облека.

Розова

Изненадувачки хит оваа сезона е розовата чанта.

Внесува свежина и женственост во често мрачните есенски денови. Може да биде во нежна пастелна нијанса за романтичен изглед или во јарка фуксија за храбар и впечатлив стајлинг. Розовата чанта е идеален детаљ кој секој обичен аутфит веднаш го прави посебен.

Црна

Безвременска класика која секогаш останува во мода. Црната чанта е неизоставен моден додаток во женскиот гардеробер, а оваа есен доаѓа во различни форми – од мини багет модели до големи шопер чанти. Совршено се вклопува во секој стајлинг, било да станува збор за кежуал комбинации или елегантни аутфити.

ФОТО: Unsplash

Светлокафена

Оваа топла светлокафеава нијанса носи пријатен есенски впечаток и одлично се комбинира со беж, портокалова и крем нијанса. Пoсуптилна е од темнокафеавата варијанта и дава на аутфитот понежен, помек изглед. Ако барате шик чанта која не е класична црна, светлокафеавата е одличен избор.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе