4 стилски тајни на најпознатата шведска инфлуенсерка: Удобноста носи самодоверба! (ФОТО)

Иконата на скандинавската естетика откри неколку трикови.

Пернил Тизбек, скандинавската ИТ девојка, откри кои модни правила не смееме да ги кршиме по секоја цена.

Посебна летна и зимска гардероба

Сортирајте ја целата облека од плакарот на два дела, оној за потоплата и за постудената сезона. Оваа тактика ќе ви даде подобар преглед на парчињата што ги имате за да уживате повеќе во нив и да создадете покреативни комбинации.

https://www.instagram.com/p/CET2HYxl_fr/?utm_source=ig_embed

Ризикувајте!

Додека првиот совет бара категоризација на облеката, вториот ве замолува да го направите спротивното. Облечете го вашиот вечерен фустан преку фармерки и скејтборд! Излезете во тренерки и потпетици! Со промена на контекстот на некое парче можете да постигнете супер стајлинг, пробајте!

https://www.instagram.com/p/B_221rsleBs/?utm_source=ig_embed

 

Не потценувајте накит

Накитот има прекрасна способност да го трансформира денскиот во ноќен изглед, и може целосно да ја трансформира здодевната комбинација. Инвестирајте во интересни парчиња и во никој случај не ја потценувајте нивната моќ!

https://www.instagram.com/p/CGJ_W4GFhIx/?utm_source=ig_embed

Знајте што добро ви стои

Слепо следење на трендовите без да размислите за формата на вашето тело, никогаш нема да ве претворат во стилска икона. Научете што ви одговара и не правете компромиси по тоа прашање затоа што на крајот нема да се чувствувате добро ниту во вашата кожа. Мантрата која никогаш не смеете да ја заборавите е: „Удобноста носи самодоверба“.

https://www.instagram.com/p/CAN-HTGFf-T/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и: Како да го комбинирате црниот капут оваа есен? Имаме предлози за вас

 

ФОТО: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.