Кога станува збор за светот на модата, постои едно парче кое се враќа веднаш штом ќе се спуштат температурите, а тоа е зимскиот плетен елек.
Некогаш резервиран за професори и хип-хоп икони од 90-тите, сега стана симбол на модерен стил и безвременска елеганција. Од Гучи до Гани, најголемите модни брендови ги вклучија во своите колекции, а трендсетерите ги носат за сите пригоди – од улица до канцеларија. Накратко, ако се прашувате дали зимските плетени елек се повторно во мода – одговорот е убедливо да!
View this post on Instagram
Како да носиме плетени елеци оваа зимска сезона?
За љубителите на класичен стил, зимскиот плетен елек во комбинација со бела кошула и здолниште создава совршена рамнотежа помеѓу елеганцијата и софистицираноста. Со чизми до глужд и златен накит, овој аутфит изгледа софистицирано, но опуштено – идеален за деловни состаноци или градски прошетки. Ако преферирате порелаксиран изглед, одлучете се за широк плетен елек преку памучна маица или кошула со принт. Комбинирајте го со широки панталони или фармерки со висок струк, додадете кожна јакна и ќе добиете автентичен изглед во уличен стил. За поелегантен впечаток, изберете зимски плетени елеци во неутрални тонови. Комбинирајте ги со панталони со висок струк и палто со рамен крој за беспрекорен деловен изглед. Со чизми на потпетица и чанта во контрастна боја, ќе изгледате ненаметливо, но ефективно. Без разлика дали сакате класика или експериментирате со стилови, зимските плетени елеци се вашиот најдобар сојузник за студените денови. Тие се совршена комбинација од топлина, удобност и софистицираност – моден мост помеѓу традицијата и модерноста.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Instagram/ @alexis.trotman