Пет клучни модели на чизми за новата сезона

Барем еден од нив мора да имате во вашиот орман

Модните додатоци се тие кои ги надополнуваат нашите класици кои ги носиме во текот на сезоната, а истите прават тие да изгледаат потполно ново и поинаку.

Со паметно одбраните модни додатоци, плисираните здолништа, фармерките или сакото, иако комбинирани веќе безброј пати, може да добијат тренди, вибрантен изглед или рокерски призвук. Тоа е и главната причина зошто, кога се во прашање чантите и чевлите, често со доаѓањето на новите сезони си дозволуваме модерен модел кој нѝ дава инспирација кога немаме идеа за облекување.

Кога се во прашање чевлите, на есенското мени ќе се најдат разни модели на чизми кои го привлекуваат целото внимание со дизајнот, но и со дезените. Еден од трендовите кој се враќа оваа сезона се каубојските чизми, но и моделите на врзување кои се инспирирани од викторијанското доба. Тука се и робустните “гранџ” чизми како и моделите со шпиц облик.

Еве кои 5 модели на чизми ќе се носат оваа година:

Шпиц чизми до глужд на врзување

Чизми со коцкаста пета и заоблен врв

Цветни чизми

“Гранџ” чизми во стил на 90-тите

Каубојски чизми

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.