Овие три модни додатоци веќе не се во мода: Лентата за коса – заборавете ка ова лето!

Тотален аут!

Добро избраните модни детали се многу важни за секој стајлинг и даваат посебна нота на секоја модна комбинација. Сепак, тие парчиња треба внимателно да се избираат. Модата брзо се менува, па водете сметка да не направите некоја грешка.

Овие аксесоари повеќе не се тренди.

Очила за сонце со тркалезна рамка

Очилата се многу повеќе од заштита на очите од УВ зраците. Добар пар очила може да го направи секој стајлинг поинтересен и погламурозен. Оваа година, наместо тркалезна рамка, бирајте рамки во форма на квадрат. Правилото гласи – колку поголеми, толку подобро.

Рибарски шешир

Овој тренд, иако на многу дами не им е особено симпатичен, беше во голема мера популарен во последните неколку месеци. За среќа, време е да му завртиме грб. Наместо рибарски, оваа сезона тренди се каубојските шешири од слама.

Лента за коса

Додатоците за коса станаа популарни во последните 2 години, но дојде време да се заборави лентата за коса. Наместо тоа, на сцената излегуваат шноли. Овој украс за коса беше повторно лансиран од сите водечки модни куќи и го вратија на сцена овој малку заборавен моден додаток кој беше хит во 90-ти години.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.