ОВАА БОЈА плаши многу жени, додека ЕМИНА ЈАХОВИЌ блеска во неа (ФОТО)
Во неа секогаш изгледа БРУТАЛНО добро, сите ја гледаат и ѝ завидуваат – таа е нејзиниот КЕЦ ВО РАКАВОТ!
Емина Јаховиќ ниже хит по хит, а исто така, судејќи по нејзиниот инстаграм-профил, ниже и брутално добри стајлинзи еден по друг.
Првиот стајлинг кој нè освои дефинитивно беше овој сако-фустан. Ефективните потпунки кои доминираа во 1980-тите, Емина ги носи со стил! Деколтето е доволно само да ја заскокотка фантазијата, а пердувите на ракавите прават многу повеќе од тоа.
View this post on Instagram
Во следниот стајлинг на пејачката владее со рокенрол-класиката. Нема нешто подобро од светлосини фармерки, кожени чизми и добра црна кожена јакна. Овде забележуваме и момент на широки потпунки и признаваме, тотално ни се допаѓа оваа вибрација.
View this post on Instagram
На ред дојде зебра, но не типична. Иако костумот е шарен, црниот корсет и еднобојните салонки повторно ја истакнуваат доминацијата на оваа боја, во која Емина секако не останува незабележана.
View this post on Instagram
И последно, но не и помалку важно – малиот црн фустан. Всушност, тоа е можеби најважното парче што секоја жена треба да го има во својот плакар. Мора да се признае, ова е повеќе миди-модел кој одлично се вклопи со мрежестите хулахопки, а целата комбинација достигна сосема поинакво ниво – со овие феноменални црвени чизми.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм, Душан Петровиќ
Коментарите се заклучени.