Ова дефинитивно е омиленото парче на сите жени – Малиот и удобен црн фустан и оваа сезона е хит!

Ќе се носи вака!

Малиот црн фустан го обожуваме поради тоа што совршено се вклопува во секоја прилика – деловна, лежерна, отмена, а притоа суптилно го истакнува сексапилот.

И покрај трендовите и сезоните кои се менуваат, тој владее со модната сцена. Можеби го занемаривме во летниот период, кога нашите стајлинзи се базираа на претежно нежни, разиграни и посветли тонови, но со доаѓањето на есента омилениот фустан се враќа на почесно место во гардероберот.

Бројните дизајнери оваа сезона играа на сигурно и се определија за редизајн на овој култен класик во своите есенски колекции, така што добивме негови тренди варијанти.

Од слип силуети кои ја нагласуваат женственоста до миди и макси кроеви за полежерен изглед, пред нас е огромен избор на фустани кои се трансформирани за потребите на сечиј стил, а притоа да останат верни на својата есенција – препознатливата доза на софистицираност поради која секогаш им се враќаме.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.